Проектирање
Нашата компанија ТЕРМОИНГ работи на проекти за нови или реновирани индивидуални и колективни објекти, како и за деловни простории. Ние се ангажираме да обезбедиме врвен комфор и максимална заштеда на енергија на секое место каде што е потребно.
Изработка на проекти за греење и ладење
Изработка на проекти за греење и ладење, со цел да обезбедиме максимална енергетска ефикасност и идеална температура на секој објект. Стремиме кон минимизирање на трошоците за тековно одржување, обезбедувајќи најсоодветно решение кое ќе ви обезбеди комфор и ефикасност.
Хидраулично балансирање
Нашиот тим извршува хидраулично балансирање на цевни мрежи. Со нашата експертиза и напредни техники, гарантираме оптимална дистрибуција на течности во системот.
Физибилити студии
Изработуваме физибилити студии со помош на професионален софтвер за симулација на модели на системи за греење и ладење, соларни системи, фотоволтаични системи. Користиме најсовремени софтверски алатки за пресметка, анализа и цртање.